Навални формира синдикат на еден човек во руски затвор
Затворениот руски дисидент Алексеј Навални формираше синдикат во казнената колонија каде ја издржува казната, која според многумина, е политички мотивирана поради неговото противење на политиките на Кремљ, јави ДПА.
„Здраво, ова е Навални, лидер и основач на синдикатот на граѓани вработени во казнено – поправниот систем „Промзона““, напиша денеска неговиот тим на Твитер. Навални појасни дека овој чекор е поради експлоатација на околу 600.000 луѓе во руските затвори. Тој додаде дека би бил среќен да ги претставува и интересите на чуварите, доколку тоа е потребно. Првично, тој нагласи, администрацијата на кампот гледала на неговата формална апликација како шега, пред да ја прогласи за „незаконска“. „Нормално, вие лесно може да бидете убиени во затвор поради такво нешто“, подвлече Навални на Твитер.
Тој се потсети дека во минатото ги охрабрувал другите да формираат синдикати, па и самиот треба да го стори тоа. Според него, треба да се стори тоа, „дури и доколку е во најопасните места, каде штрајкови, непослушност и собири се експлицитно забранети“. Како што тој опиша, луѓето затворени со него биле уште позагрижени за синдикатот, отколку затворските службеници. „Секогаш кога зборувам за тоа, моите колеги-убијци тажно велат: „Алексеј, престани, те молам.
Поради тебе, тие никогаш нема да нè пуштат надвор и сево ова ќе заврши лошо“, раскажа Навални, што било причина зошто е синдикат со еден човек. Навални нашироко се смета за политички затвореник, откако руски суд ја потврди неговата деветгодишна затворска казна за наводна измама претходно годинава. Навални едвај преживеа обид да биде отруен во август 2020 година, нешто за што тој го обвинува рускиот претседател Владимир Путин.
Ново на Сител
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД
-
Македонец загина во тешка сообраќајка во Србија откако излетал од патот
-
Изгасен пожарот во близина на Атина – на островот Крит ставен под контрола
-
Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот
-
Mасовен напад со руски дронови врз Киев
-
Седница на Антикорупциската комисија
-
Српскиот претседател со апел до демонстрантите да не блокираат градови во државата
-
Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година