Наутро студено со магла во некои котлини, во текот на денот сончево со мала облачност
Времето наутро ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината магливо. Преку денот претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 23 степени.
Според прогнозата ан УХМР, продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени.
-По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ново на Сител
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата