Наумов: Туризмот трета најголема извозна гранка
Туризмот е третата најголема извозна гранка и Македонија треба да го искористи овој тренд и да изнајде начини за привлекување на што поголем број туристи, им порача денеска заменик-министерот за економија Кире Наумов на туристичките работници по повод Светскиот ден на туризмот.
Доделувајќи ги традиционалните награди на најдобрите хотелиери, угостители и туристички агенции, Наумов истакна дека минатата година на светско ниво меѓународните граници ги поминале една милјарда и 200 милиони патици, а очекувањата се дека до 2030 година оваа бројка ќе надмине една милјарда и 800 милиони патници.
- Предизвикот пред нас е да изнајдеме начин за привлекување на што поголем број туристи да ја посетат нашата држава и да ја искористиме оваа глобална сила во фукнција на нашиот развој, рече Наумов.
Зголемениот број туристи и ноќевања во 2017 година во однос на 2016 година, според Наумов, даваат надеж дека годинава ќе биде остварен поголем девизен прилив од туризмот и угостителството.
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Александар Донев смета дека вистинските потенцијали коишто ги има Македонија како туристичка дестинација треба одржливо да се развиваат.
Во знак на одбележување на денешниот ден, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организира еднодневен престој во Галичник каде посетителите на автентичен начин ќе се запознаат со убавините на овој крај.
Ново на Сител
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила
-
33-годишна жена нападната од својот сопруг и свекрвата
-
САД и Јапонија подготвуваат план за распоредување HIMARS на јапонските острови близу Тајван
-
Разбиена најголемата меѓународна пиратска мрежа: 22 милиони корисници и 250 милиони евра месечно
-
Во Велика Британија започна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија, двајца други признаа вина
-
Потвредено обвинението против осомничените за убиството на Данка Илиќ, се бара доживотен затвор
-
Сиљановска Давкова: Ако дозволиме ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него