Науката тврди: Жените се поагресивни во зима

Најновото американско истражување открива дека снежната сезона неповолно влијае на припадничките на поубавиот пол.
Истражувачите од Универзитетот Индијана наведуваат дека зимата кај жената предизвикува нагли проимени на расположението и извесна доза на агресивност.
Причина за тоа е хормоналниот механизам кој кај жената се активира под дејство на мрачните зимски денови.
Покрај тоа што многу жени ќе ја доживеат како мизогена, студијата се одликува и со тоа што е спроведена не врз жени, туку врз женки хрчаци.
Кај животните кои се чувани во темница, забележан е раст на мелатонинот, хормон на сонот, кој влијае на работата на надбубрежните жлезди, поради што доаѓа до ослбодување на сексуалниот стероид познат по предизвикување агресивност.
Авторката на студијата, Ники Рендон наведува дека истражувањето им помогнало на научниците „подобро да ги разберат хормоните и социјалното однесување на полето каде моментално доминира расправа за тестостеронот како регулатор на агресивноста кај мажите“.
Студијата објавена е во списанието „Proceedings of the Roual Academy B“.
Ново на Сител
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
