Научниците тврдат дека на Марс нема живот
Поради „ефектот на сунѓер“ на површината на Црвената планета таа е сува и непогодна за развој и опстанок на животот.
- Марс стана ненаселив кога неговата кора ја апсорбира водата од неговата површина, истакнуваат научниците од Оксфорд.
Новото истражување покажува дека Марс од пред три милијарди години бил прекриен со вода, како и Земјата. Но, Марс денес е пуст и сув.
- Водата на Марс реагира на свежо еруптираната лава која подоцна станува негова кора, што резултира со ефект на сунѓер. Хемиската реакција помеѓу водата и лавата доведоа до измена во минералниот состав на карпите и направи Црвената планета да биде непогодно место за живот, изјави д-р Џон Вејд, еден од авторите на студијата објавена во „Нејчр“ (Nature).
Според научниците, најголема разлика помеѓу Марс и Земјата е што Црвената планета содржи повеќе железо. Карпите на Марс исто така можат да содржат 25 отсто повеќе вода во однос на карпите на Земјата.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје