Научници: Во САД до 1 декември се можни 300.000 жртви на Ковид-19
Речиси 300.000 Американци би можеле да умрат од Ковид-19 до 1 декември, според здравствените експерти на Универзитетот во Вашингтон, иако проценуваат дека може да се спасат 70.000 животи ако луѓето ги следат прописите за носење маски.
„Во САД ние гледаме воз на ужаси. Се чини дека луѓето носат маски и се оддалечуваат социјално почесто, додека инфекциите се зголемуваат, а откако инфекциите се спуштаат, луѓето се смируваат и застануваат, изјави д-р Кристофер Мареј, директор на ИХМЕ, објавувајќи ја најновата прогноза на универзитетот.
Официјалните смртни случаи во САД се над 159.000, а 4,8 милиони се заразени.
IHME соопшти дека инфекциите опаѓаат во поранешните епицентри – Аризона, Калифорнија, Флорида и Тексас, но раст има во Колорадо, Ајдахо, Канзас, Кентаки, Мисисипи, Мисури, Охајо, Оклахома, Орегон и Вирџинија.
Ново на Сител
-
Студија: Како последица на жештините летово во Европа починале 16.500 лица
-
ДНК на паун-пајакот нуди изненадувачки нови научни сознанија
-
MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите
-
Тетовчанка измамена за 500 евра - ја убедиле дека ќе ѝ завршат работа да прима социјална помош
-
Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата се занимава со лаги за пожарите, мислејќи дека ќе добие политички поени
-
Извршен увид на местото на пожарот во Трубарево, продолжен притворот на четворицата осомничени
-
Две лица од Струга приведени поради обид за убиство на 52-годишник