Научници развија терапија со пептид што спречува тешка форма на Ковид-19
– Американски истражувачи од Медицинскиот центар на Универзитетот Раш развија терапија со пептид што може да спречи развој на тешка форма на болеста Ковид-19, објави Џурнал од Неуроимун Фармаколоџи (Journal of Neuroimmune Pharmacology).
Новоразвиениот пептид (азотно органско соединение кое се состои од аминокиселински мономерни единици) ја спречува причината за смрт кај болни од Ковид-19 – цитокинска бура.
По тестирањето врз глувци, експертите откриле дека молекулата помага во заштитата на белите дробови, ја намалува телесната температура и ја подобрува работата на срцето.
Според научниците, коронавирусот може да стане сезонско заболување како грип, па затоа повикуваат на развој на лекови и терапии што намалуваат воспаленија предизвикани од Ковид-19.
Ново на Сител
-

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува реизбор на Мицкоски
-

Без вода денеска дел од Пинтија
-

Најмногу дожд во Маврови Анови
-

КФОР: Засилени активности во поддршка на безбедноста низ Косово
-

Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен од дрон, не ги исполнува безбедносните функции
-

Орбан: ЕУ се дави во корупција
-

Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025
-

Облачно, насекаде со дожд, магла во котлините
