Живот
30. October 2015 - 9:27

Научници открија присуството на кислород на комета

Група научници објавија дека откриле големи количества на кислород на кометата 67П/Чурјумов-Герасименко, која во август мина крај Сонцето, придружувана од европската сонда „Розета“. 

- Откритието претставува големо изненадување и може да ја доведе во прашање постоечката теорија за настанокот на Сончевиот систем, изјави професорот Андре Билер од Универзитетот во Мичиген.

Мерењата што го извршила сондата „Розета“ укажуваат на тоа дека молекулите на кислород во форма на гас со коу е обвиткана кометата 67П/Чурјумов-Герасименко, постоеле „пред и за време‟ на нејзиниот настанок.

Овие податоци би можеле да влијаат на нашето сфаќање на хемијата за формирање на Сончевиот систем пред некои 4,6 милијарди години.

- Веруваме дека овој кислород е праисконски, односно дека е постар од Сончевиот систем, истакна Билер.

Научниците досега сметаа дека на кометите, каква што е 67П/Чурјумов-Герасименко, нема кислород бидејќи тој лесно се меша со други елементи, па на подолг рок не може да „преживее‟ во чиста состојба.

- Доказот за посотоење на кислород како древна супстанција може да дискредитира некои теоретски модели за настанокот на Сончевиот систем, истакна и Катрин Алтвег од Универзитетот во Берн, која е една од авторите на студијата објавена во списанието „Нејчр“. 

Сондата „Розета“, чија мисија е да ја открие тајната за потеклото на животот на Земјата, „во чекор ја следи“ кометата при нејзиното патување низ Вселената.

Меѓу научниците преовладува верувањето дека кометите „го посеале‟ животот на Земјата, па затоа во тек на неколку месеци ја следеле концентрацијата на кислород во водата на кометата за да видат дали молекулите на гас ќе се распрснат под удар на соларните ветрови. Тоа меѓутоа не се случило, со што е докажано дека кислород се наоѓа во самата комета, а не само околу нејзината површина. 

Водечките теории претпоставуваат дека Ссончевиот систем настанал во хаотично мешање на материја која лебдела во правец и од правец на штотуку настанатото Сонце.

Чисти, замрзнати атоми на кислород не би опстанале во толку насилно опкружување, сметаат истражувачите и заклучуваат дека целиот процес морал да биде „понежен‟.

Молекули на кислород досега се најдени само во два случаи во Сончевиот систем, надвор од земјината атмосфера и тоа на замзрнатите месечини на Јупитер и Сатурн, но никогаш на комета.

Новите податоци кои ги собра сондата „Розета“ укажуаваат дека присуството на вода на кометите пред се претставува правило, отколку исклучок, сметаат научниците.

Молекулите на кислород се четврти најчест гас детектиран во остатоците на магливиот слој кој ја обвиткува кометата.

- Нивното присуство не ни зборува за потеклото на животот на Земјата, ни за неговото можно присуство на некое друго место во универзумот. Во случајот на егзопланетите апк комбинација на кислород и метан е земена како знак за можно постоење на живот, вели Алтвег. 

- На кометата го имаме и едното и другото, но не и живот. Што значи дека кислородот можеби не е најдобар биопотпис, заклучи Алтвег.