Научници од Џорџија: Откривме лек кој го спречува ширењето на коронавирусот за 24 часа
Истражувачите од Државниот универзитет во Џорџија тврдат дека откриле антивирусен лек кој се зема орално и во рок од 24 часа спречува луѓето кои се заразени да го шират коронавирусот на здрави луѓе.
Станува збор за лекот МК-4482 / ЕИДД-2801, познат како Молнупиравир, кој целосно го запира евентуалното пренесување на Ковид-19 на други луѓе за еден ден.
На чело на тимот беше д-р Ричард Племпер, кој исто така откри дека лекот е добар во борбата против сезонските вируси.
– Ова е прва демонстрација на лек кој исклучително брзо го блокира пренесувањето на САРС-КОВ-2. Ова може да биде пресвртна точка, рече Племпер.
Како што пренесуваат странските агенции, запирањето на ширењето на вирусот, додека не се случи масовна вакцинација на планетата, би ги спречило катастрофалните последици што веќе ги остави пандемијата.
– Забележавме дека лекот МК-4482 / ЕИДД-2801 носи целосен опсег на активности против респираторни РНК вируси и дека третира заразени животни давајќи им го лекот орално, така што драматично ја намалува трансмисијата, истакна Племпер.
Ново на Сител
-
Октомвриски Самит на ЕУ во Брисел, меѓу темите Украина, Блискиот Исток о одбраната
-
Најмалку девет мртви и пет повредени лица во експлозија во фабрика за оружје во рускиот град Копејск
-
Облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта повремен локален дожд
-
Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради атлетска трка
-
Шведска може на Украина да и продаде помеѓу 100 и 150 борбени авиони „Грипен“
-
Вонредна есенска дератизација на територија на Општина Центар
-
Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари
-
Нетанјаху: Израел не е протекторат на САД