Научна конференција „Триесет години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров“

Научна и стручна конференција „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ“, ќе се одржи денеска на Филозофскиот факултет во Скопје.
- И по три децении, едно од најтешките прашања од поновата македонска историја останува без одговор. Овој настан има цел да отвори јавна, аргументирана и научна дебата. Конференцијата има цел да ја продолжи дебатата за атентатот што ја потресе Македонија и остави трајни последици врз нејзиниот политички и безбедносен развој - информира инцијативниот одбор, во состав проф. д-р Цане Мојаноски, проф. д-р Гроздан Цветковски и проф. д-р Зоран Јовановски, полковник на АРМ.
Конференцијата би требало да одговори на четири клучни прашања: кои беа причините и мотивите за атентатот, кои се можните нарачатели и извршители, дали можеше и зошто не беше превениран атентатот и зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања.
На конференцијата најавено е учество на универзитетски професори, научници, експерти, меѓу кои и учесници од претходната конференција „15 години од атентатот врз претседателот Глигоров - мистерија или настан ад акта“, што се одржа во Скопје на 30 септември 2010 година.
Од иницијативниот одбор потсетуваат дека атентатот беше дочекан со огромно изненадување во домашната и меѓународната јавност имајќи ги предвид угледот на претседателот Киро Глигоров и неговата клучна улога во конституирањето и меѓународното признавање на Република Македонија по нејзиното осамостојување во 1991 година.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
