Научете нешто на нејзината трагедија: Млада девојка почина од струен удар откако полначот и паднал во када

Русинката Ирина Рубникова починала од струен удар додека се капела, пишува британски „Сан“. Ирина настрадала откако нејзиниот полнач за iPhone паднал во водата. 15-годишното девојче било пронајдено мртво во саботата во нејзиниот дом во Братск, Русија.
Нејзиното семејство и пријатели со голема болка ја примија веста за прераната смрт. Ирина била шампион во борење во панкратион, античка грчка боречка вештина, која подразбира борење и боксување без никакви правила. Таа била дел од националниот руски боречки тим.
„Ирина сонуваше да стане светски шампион. Таа беше прекрасна личност. Најдобрата и најсакана од сите“, изјавиле нејзините пријатели.
„Отсекогаш сонуваше да успее во спортот. Сакавме да заминеме заедно во друг град и да учиме таму. Сите ја сакаа. Ирина беше мила и убава“, велат нејзините пријатели
Нејзината сестра Татјана (25) за весникот „Комсомолскаја правда“ изјавила дека таа била прекрасна девојка која имала многу пријатели.
„Таа повеќе не е со нас. Нашите срца се скршени. Сега во домот е толку е тивко и празно без неа“, изјавила Татјана.
Со соопштение излегле и од Спортската федерација на Русија, од каде испратиле сочувство за прерано изгубениот живот.
„Трагична несреќа ѝ се случи на нашиот шампион, пријател и студент Ирина Рубникова. Нека почива во мир“, соопштиле од Спортската федерација на Русија.
Руските безбедносни лица претходно предупредиле за опасноста од користењето на мобилните телефони и полначите во бањите.
Во февруари уште една руска девојка по име Ксенија П. настрада од полнач за смартфон, кој паднал во водата додека таа се капела.
Ново на Сител
-

Зеленски: Украина е подготвена за мировен договор со САД и Европа
-

Радост на сопственото постоење | Симона Петреска | Sitel Podcast 127
-

Сиљановска-Давкова: Фемицидот е еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени
-

Од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
-

НИС соопшти дека останале без нафта; НБС - Прекинуваме платен промет со НИС ако не добие лиценца
-

Лавров: Русија ја чека преодната верзија на американскиот план за Украина
-

Ако Русите не го продадат НИС за 50 дена, ќе воведеме принудна администрација, најави српскиот претседател
-

33-годишен затвореник починал во Охридската болница
