-->
-->
Натпреварите во Англија без публика до крајот на сезоната
-->
Сите натпревари во Англија, до крајот на сезоната ќе се одржат зад затворени врати поради коронавирусот. Оваа одлука ќе ја донесе владата, пренесува „Тајмс“.
Се очекува оваа сезона да не биде суспендирана, но средбите во Премиер лигата и пониските лиги ќе се одржат на празните трибини.
Носителите на сезонски претплатни билети, како и оние за поединечни натпревари средбите ќе можат да ги гледаат дома на Интернет, додека нема да има преноси во пабовите, објавија британските медиуми.
-->
-->
-->