НАТО загрижен поради трупање на руски сили
Генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг денеска изрази загриженост поради трупање на руска воена сила на подрачјето од Балтичко до Средоземно Море и апелираше Алијансата да осмисли одговор на тоа.
Тој наведе дека Русија ги концентрира своите воени сили во Калининград, на Црно Море и во источниот дел на Медитеранот, од каде пружаат поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Столтенберг во Португалија, каде се одржува воена вежба на НАТО изјави дека некои експерти веруваат дека трупањето на руски сили би можело да доведе до тоа Русија да се оспособи да го ограничи пристапот на НАТО во одреден и региони.
- Мораме да бидеме способни да ја пресретнеме таквата можност за да можеме да ги зајакнеме своите сили и да бидеме во движење, а и да распоредиме сили доколку биде потребно, посочи Столтенберг
Ново на Сител
-
Филипче: Граѓаните живеат се потешко
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
На полноќ почнува изборната кампања
-
Партиите најавуваат демократски процес
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза