НАТО стравува од нови сериозни саботажи и кибер-напади
НАТО стравува од нови сериозни акти на саботажа и кибер-напади на територијата на алијансата, изјави висок функционер на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.
Како што пренесе ДПА, тој рекол дека „особено Русија се чини дека станува сè поподготвена да повредува или загрозува животи преку саботажа во земјите-членки на НАТО“.
Кина, Иран и Северна Кореја се исто така активни во кибер-напади, додал тој и нагласил дека Пекинг, како и Москва, спроведува тековна кампања за ширење малициозен софтвер.
Целта е да се изврши шпионажа, но и да се има способност да се предизвика нарушување во случај на зголемување на тензиите.
Русија се фокусира на критичната инфраструктура и особено на индустриските контролни системи, рекол претставникот на НАТО.
Тој како пример го навел големиот напад, веројатно извршен од Иран, врз Албанија, членка на НАТО, кој го парализираше нејзиниот систем за контрола на границите, а досиеја на Министерството за внатрешни работи беа објавени и на интернет.
Тој објаснил дека по нападот сè било објавено, вклучително и полициски досиеја, размена на е-пошта меѓу полицајци, тајни сведоци и досиеја на Интерпол.
Ново на Сител
-
Скопје остана без приватни превозници, тврдат дека ЈСП им должи два и пол милиони евра
-
Судовите се неажурни во работата, нерешени им стојат 150 илјади предмети
-
Кампања „Преспа разбуди се“ за чиста средина
-
Панова: Измените на законот за работни односи во Собрание
-
Македонското земјоделство под влијание на климатски промени
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија