НАТО со критики до Русија поради ракетите во близина на Полска и Литванија
НАТО денеска упати критики до Русија поради распоредувањето противбродски ракети на крајниот запад на балтичкиот регион, означувајќи го како „агресивно воено заземање позиции“ и повика на дијалог со цел да се ублажат ескалирачките односи.
НАТО нагласи дека распоредувањето на ракетите во близина на границата на Северноатлантската алијанса „не помага за намалување на тензиите, ниту ги подобрува односите на двете страни“.
Алијансата повика на поголема транспарентност кога станува збор за воените активности „со цел да се избегнат инцидентите и опасности од неспогодувањето“.
Москва упати приговор поради распоредувањето на воените единици на Алијансата во близина на руската граница, а сега распоредува ракетните лансери во регионот на Калињинград, кој се граничи со Полска и Литванија, кои се членки на НАТО.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички