НАТО повика на продолжување на економските санкции за Русија
Генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг повика денеска на продолжување на економските санкиции против Русија, воведени од страна на ЕУ поради случувањата во Украина и анексијата на Крим.
- Државите од Алијансата не го признаваат и нема да го признаат незаконското присоединување на Крим кон Русија, посочи Стлтенберг.
- Ситуацијата со безбедноста во Украина стана сериозна во текот на последниот месец, каде има масовни прекршувања на примирјето, додаде тој.
- Ги повикувам сите да ги удвојат напорите за целосна имплементација на договорот од Минск, заради постигнување на целосно примирје, додаде генералниот секретар на НАТО.
Столтенберг наведе дека сите во НАТО имаат мислење оти дијалогот со Русија не е знак на слабост, а цели предвидливост со најголемиот сосед.
Ново на Сител
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти