НАТО ја поздрави стратегијата за Авганистан предложена од Трамп

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да испрати дополнителни воени сили во Авганистан.
„НАТО останува во целост посветено на Авганистан и се радувам на разговорите со министерот за одбрана на САД Џејмс Матис и нашите сојузници и меѓународни партнери“, се наведува во соопштението потпишано од Столтенберг.
Тој истакна дека НАТо има 12.000 војници во Авганиста и оти 15 држави ветиле дека ќе испратат дополнителни сили.
Одлуката на Трамп денеска ја поздравија и авганистанските власти.
Претседателот на Авганистан Ашраф Гани оцени дека изјавата на Трамп укажува на „трајна посветеност на клучниот партнер на Авганистан во овој глобален конфликт“.
Претходно Трамп најави испраќање дополнителни американски војници во Авганистан и вети „борба до победа“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
