НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува, рекол за грчката новинска агенција АНА-МПА функционер од Северноатлантската алијанса во однос на употребата на името Македонија од претседателката Сиљановска Давкова.
Функционерот, кој не е именуван, за АНА-МПА посочил дека нашата земја е важен НАТО сојузник и „значајно придонесува за нашата колективна безбедност“.
Како пример ги споменал војниците распоредени во мисијата КФОР на Косово, мисиите во Ирак, како и мултинационалните борбени групи на НАТО во Летонија, Бугарија и Романија.
- Договорот од Преспа го отвори патот за членство на Северна Македонија во НАТО и придонесе за добрососедските односи, кои е важно да се одржуваат меѓу сојузниците. Северна Македонија влезе во Алијансата под нејзиното уставно име и под тоа име се претставува во НАТО, рекол функционерот.
Ново на Сител
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец