Наташа нашла потковица утрото пред да игра во „Се или нешто“ и го извлече милионот!
После многу одиграни битки со банкарот од долгата сезона на популарниот ТВ квиз „Се или нешто“, за главната домаќинка Лила дојде време за одмор.
Но, дедека таа акомулира енергија за почетоците на новата сезона, гледачите имаат можност да погледнат селекција од најдобрите епизоди од последната сезона, која траеше до почетокот на летото. Па така, едно од тие невообичаени изданија се емитуваше неделава.
Младата учесничката Наташа од Тетово пред почетокот на играта сподели интересена приказна дека утрото пред да дојде на снимање, во дрвата за оганот кој утрото го палела во печката, нашла потковица за која никој од најблиските не знаел ништо.
Истата потковица, без многу верување дека има некакво значење, Наташа ја донесе како амајлија врз кутијата.
Суеверие, среќа или коинциденција, не знаеме но, Наташа на крај во својата кутија го имаше милионот.
За жал, немаше храброст да игра до крај, па пред да ја отвори својата среќна кутија таа ја прифати понудата на банкарот од 96.500 денари.
Ново на Сител
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот
-
Русија ги намали очекувањата за скорешна средба Путин - Зеленски
-
Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Вечерва се спушта завесата на Охридско елто