Наставници од тетовското училиште „Моша Пијаде“ на обука во Шпанија
Три групи наставници од средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ од Тетово од оваа сабота ќе посетуваат обука во Шпанија, информираше денеска директорот на училиштето Александар Бачевски.
Според него, наставниците во Шпанија ќе бидат обучувани и ќе се стекнат со одредени информатички и компјутерски вештини што подоцна ќе ги применат во наставата во земјоделското училиште. Оваа обука е дел од Еразмус програмата.
-Нашето училиште постојано учествува и на домашни и на проекти со меѓународен карактер. Оваа обука ќе се реализира во близината на Севиља, а ова е само еден од меѓународните проекти во кој наставниците и менторите од училиштето активно учествуваат, рече Бачевски.
Наставниците во Шпанија обуката ќе ја добијат во тренинг центар, а предавањата ќе бидат на англиски јазик. За таа цел, тие спровеле и интерен курс од 20 часа по англиски јазик.
Ново на Сител
-
Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на коњичките трки „Ројал Аскот“
-
По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“
-
Влада: 50-тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи
-
ФА: Мудрик пред четиригодишна суспензија
-
Гвардиола го избра Силва за нов капитен
-
Порази на Ивановски и Стоилковска
-
Светскиот рекордер Домен Превц доби споменик на Планица
-
ФИФА: Продадени 1.5 милиони влезници за Светското клупско првенство