Македонија
29. September 2021 - 11:13

Наставници од ДУЦОР „Партенија Зографски“ Скопје на обука за кодирање и роботика во Анталија

ДУЦОР „Партенија Зографски“ е училиште кое континуирано обезбедува стручен и професионален развој на своите наставници. Со поддршка од ЕУ, преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, училиштето доби грант за реализација на проектот „Computational thinking (Teaching through Coding and Robotics)“ (акција KA101 – School education staff mobility).

Во рамките на овој проект се реализираше мобилност при што тим од наставници следеа седум дневна обука во партнерската организација „CEKDEV“ од Анталија, Р.Турција. За време на престојот учесниците имаа можност да се запознаат со други култури и образовни системи.

Учесниците на програмата за мобилност се стекнаа со вештини и знаења кои имаат голема примена во современата настава, со што стекнатите знаења и вештини од областа на роботика и кодирање, веќе започнаа да ги применуваат во наставата во оваа учебна година.

Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија зографски“ Скопје е единствено средно училиште за ученици со оштетен слух во Македонија.