Наследниците на Хју Хефнер не смеат да пијат и да се дрогираат, инаку ќе останат без пари
Во јавноста се појавија документи, во кои стои кои услови треба да ги исполнат наследниците на Хју Хефнер, основачот на Плејбој, кој почина во септември годинава.
Во случај да потклекнат, тие ќе останат без наследство. Ова се однесува на вдовицата Кристал и на четири деца.
Освен вдовицата, Кристал Хефнер, наследниците на починатиот Хефнер, исто така, се негови деца, Кристи А. Хефнер, Дејвид Хефнер, Марстон Хефнер и Купер Хефнер, за кои нивниот татко поставил многу конкретен услов за да ги добијат парите.
Во документите пишува дека наследниците никогаш не смеат да станат зависници од алкохол и дрога. Во случај да не одолеат, остануваат без пари.
Ако се случило некој од наследниците навистина да остане без правата, според документот, тие права можат му се вратат ако наследникот докаже дека ништо не консумирал 12 месеци од губењето на правата или ако комисијата заклучи дека е во состојба да се грижи за себе и за својата финансии.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче