Наскоро втора фаза од превентивната вакцининација против „јазлеста кожа“

Веќе трета недела активно се врши вакцинација против „јазлеста кожа“ во утврдените жаришта низ Македонија, а наскоро ќе почне и втората фаза на превентивно вакцинирање со која ќе бидат опфатени говедата на целата територија на државата, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Според АХВ, болеста го има зафатено речиси целиот источен регион. Потврдени се жаришта и заболени животни во општините Демир Капија, Штип, Василево, Радовиш, Босилово, Делчево, Виница, Пехчево, Берово, Ново Село, Струмица, Валандово, Дојран, Македонска Каменица, Гевгелија, Кратово, Кочани, Прилеп, Карбинци, Конче, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Лозово, Неготино, Чешиново – Облешево, Пробиштип, Свети Николе и Чучер Сандево.
- Вакцинацијата се спроведува комплетно, на фармите од атарот на секое од заразените села во општините на регионот. Болните говеда веднаш се усмртуваат и нештетно се отстрануваат, а оние грла кои не покажуваат знаци на болеста, но биле во контакт со заболено животно, веднаш се вакцинираат во оваа фаза на итна вакцинација за брзо справување и спречување на болеста, информира АХВ.
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
