Наскоро електронски ќе се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино

Многу скоро се очекува електронски да се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино. Министерот за дигитална транформација Стеван Андоновски вели дека процесот е во фаза на тестирање. Очекува голем интерес како од страна на производителите, така и од страна на извозниците.
- Со Инспекторатот за земјоделство многу скоро започнуваме со издавање на потврдите за извоз на тутун и вино коишто многу се користат затоа што за секоја серија се бара нова потврда. Во завршна фаза и тестирање сме на оваа услуга. Очекувам огромен интерес од страна на производитеите и извозниците - изјави денеска министерот Андоновски, кој присуствуваше на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители.
Андоновски најавува дека наскоро електронски ќе се врши и пријавувањето новороденче со тоа што првично најавуваниот рок од 48 часа за издавање на изводот е скратен на 24 часа.
- Паралелно со тоа работиме и со Фондот за здравствено осигурување по автоматизам да се активира здравственото осигурување за новорденчиња и социјалната помош за новороденчиња, рече Андоновски.
Андоновски е задоволен од националниот портал uslugi.com.mk каде, како што посочи, се бележи раст на бројот на трансакции од 150 проценти на месечно ниво.
- Бројот на приклучени институции од приватниот и од државниот сектор од отприлика 30 до 35 институции во 2024 година денес достигнува бројка од околу 90 институции и компании. Како што знаете, порталот го отворивме и за приватните компании, закачувањето е бесплатно, а споделувањето на информации е безбедно, заштитено со закон и на платформа којашто не дозволува протекување на информации, нагласи Андоновски.
МИА
Ново на Сител
-

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран
-

Њујорк избори финале во плејофот на НБА
-

Француската влада соопшти за седум смртни случаи поврзани со топлотниот бран во земјата
-

Почина Мартин Треневски, новинар и поранешен министер и дипломат
-

„Кроација ерлајнс“ ја намалува фреквенцијата на летови од Загреб до Скопје и Сараево
-

Алварез би можел да го напушти Атлетико ова лето
-

Рама денеска ќе учествува на 8-та Меѓувладина конференција Албанија - ЕУ во Брисел
-

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО
