Насилно удрил оштетено лице во нозете и му го украл телефонот во такси, кривична против 40-годишник
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Тешка кражба на дрзок начин, согласно член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Обвинителството, осомничениот, на 4 октомври во вечерните часови, спроти катна гаража на улицата „Мирче Ацев“ забележал две лица од Валандово додека влегувале во такси возило. Им пришол од зад грб и насилно им ја отворил вратата, а потоа со клоци го удрил едниот оштетен во нозете, така што на оштетениот му испаднал мобилниот телефон. Осомничениот го одзел телефонот и се дал во бегство, стекнувајќи се со противправна имотна корист во износ од околу 6.360 денари.
Поради ризикот од бегство и околностите кои укажуваат на можноста осомничениот да го повторува делото, особено имајќи предвид дека претходно повеќепати е осудуван за кривични дела против имотот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопшти Обвинителството.
МИА
Ново на Сител
-
Мерц: Претпоставувам дека Русија стои зад беспилотните летала над Германија
-
Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк
-
ПМФЛ: По бод за Вардар и Струга во дербито на врвот
-
Расел ја освои ГН на Сингапур, Мекларен ја одбрани титулата
-
Виз Ер скопски маратон: Имери и Бакрачи најбрзи на полумаратонот
-
Најмалку 350 туристи спасени по снежна бура на Монт Еверест
-
Кампањата за локалните избори влегува во втората недела
-
Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат во Драч на самитот на иницијативата „Брдо-Бриони“