-->
-->
Нашата планета е во опасност? Се приближува огромен астероид...
-->
Астероид поголем и од најголемиот облакодер изграден досега, се движи кон Земјата и според проценките, во близина на нашата планета ќе прелета на 4-ти февруари.
Доколку во најлошото можно сценарио, астероидот кој што ќе прелета на 4,2 милиони километри, удри во Земјата, научниците предвидуваат дека ќе настане децениски студ и мрак.
Астероидот наречен "2002 AJ129" бил откриен уште на 15-ти јануари 2002-ра година во рамките на проектот за следење на астероидите кои што ќе пристигнат на опасна оддалеченост од Земјата, под покровителство на американската вселенска агенција НАСА.
Станува збор за астероид кој што е сместен во категоријата на „потенцијално опасни астероиди“. Сепак, научниците велат дека не постои опасност астероидот во блиска иднина да се судри со нашата планета Земја.
„Го следиме овој астероид повеќе од 14 години и прецизно ја познаваме неговата орбита. Нашите пресметки покажуваат дека астероидот "2002 AJ129" нема шанси да се судри со Земјата на 4-ти февруари, ниту пак во следните 100 години“, изјави Пол Чодас, директор на Центарот за проучување на објекти во близина на Земјата при НАСА.
Како што пренесува „Вашингтон Пост“, од НАСА во 2016-та година извеле симулација со Федералната агенција за управување со вондредни состојби во врска со можноста од евентуален судир на астероид и планетата Земја.
Таа вежба подразбирала масовна евакуација на Лос Анџелес, а тогаш американските служби ја разгледувале можноста за тоа „како да се изборат со гласините и лажните информации кои што би можеле да се појават во годините пред претпоставениот период на удар“. За среќа, засега нема астероид чија што траекторија предвидува судир со Земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан