НАСА: Нови докази за постоење на вода на јупитеровиот сателит Европа

Американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) објави видеа, направени со помош на телескопот „Хабл“, на кои се прикажува дека на јупитеровиот сателит Европа постои океан исполнет со вода, кој се наоѓа под неколку километарски дебел слој на мраз.
Научниците наведоа дека е можно да постои вода и на површината на Европа, како и дека нашле можни докази за постоењето на вода и на другите јупитерови природни сателити.
Пол Херц, директорот на одделението за астрофизика, истакна дека е задоволен со откритието и дека конечно на прашањето дали постои живот надвор од Земјата може да понуди научен одговор.
- Таму каде што има вода на Земјата, има и живот и хранливи материи, а со оглед на тоа дека е пронајдена вода на Европа, тоа значи дека таму има и живот, нагласи Херц.
Тој наведе дека ова откритие ја зголемило можноста дека водата и хранливи материи од сокриените океани на Европа, можат да се најдат и на нејзината површина, и дека НАСА ќе ја проучи можноста за слетување на сателитот на Јупитер, со цел да направи повеќе истражувања.
Минатата недела, НАСА најави дека ќе одржи телефонска конференција на која ќе ги обелодени изненадувачките активности кои се случуваат на Европа, еден од 67-те природни сателити на Јупитер.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
