Народно верување кое носи среќа: Еве зошто не треба да јадете пилешко на новогодишната ноќ
Народните верувања за храната која "не смееме" да ја јадеме за Нова година често ги игнорираме, но тоа не значи дека во нив нема малце вистина.
Еве зошто не би требало да јадете пилешко за време на новогодишната ноќ.
Пилешкото е одличен избор во текот на целата година бидејќи е здраво и содржи многу протеини, но не би требало да се најде на новогодишната трпеза.
Птиците храната често ја бараат на старото место, ретко гледаат напред при потрага за храна и се задржуваат на територијата на која имаат што да јадат па според народните верувања тоа може да ве доведе до тоа во наредната година да останете во минатото.
Според ова, би требало да ги избегнувате сите животни кои имаат крила бидејќи со тоа обезбедувате благосостојбата да остане во вашиот дом, односно да не „одлета“ од вашата маса.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел