Народниот правобранител и Националниот ромски центар од Куманово потпишаа Меморандум за соработка

Народниот правобранител Иџет Мемети и извршниот директор на Здружението Национален ромски центар од Куманово Ашмет Елезовски, денеска потпишаа Меморандум за соработка за имплементирање активности во рамки на проектот „Спречување на дискриминацијата кон ромските деца“.
Целта на Меморандумот е размена на информации и навремено преземање мерки за заштита од дискриминација на ромските деца и нивните семејства.
Овој проект, како што рече Мемети, ќе придонесе за поголемо запознавање со правата, промоција на институцијата Народен правобранител меѓу Ромите, но и нивно информирање и едуцирање за можностите да ја користат за заштита на нивните права.
Според народниот правобранител нема оправдување за појавата на дискриминацијата која постои во општеството и затоа, како што рече потребно е да се работи на сеопфатен системски пристап за сузбивање на оваа негативна појава.
- Во оваа прилика посебно би ја потенцирал појавата на говор на омраза како придружник на дискриминацијата која во последниот период зема се поголем замав, особено што ваков говор користат и јавни личности, рече Мемети.
Посочи дека секој има право на слобода на мислење и изразување се додека не ги повредува правата на другите и не предизвика домино ефект за ширење на дискриминацијата и говор на омраза на штета на определено лице или припадници на групи и заедници.
- Јавно ја осудувам досегашната неказнивост и премолчување на надлежните органи, со што придонесуваат дискриминацијата и говорот на омраза да бидат се поприсутни во медиумите, а особено на социјалните мрежи, рече Мемети.
Народниот правобранител апелираше наместо говор на омраза и дискриминација да се промовираат толеранцијата, почитувањето и еднаквоста на човековите права на сите, особено на маргинилизираните заедници, а надлежните органи, особено МВР и Јавното обвинителство соодветно и навремено да реагираат санкционирајќи ја оваа појава.
Елезовски по потпишувањето на Меморандумот рече дека во последните три-четири години единствено Народниот правобранител говорел јавно во Законодавниот дом за сите проблеми и препреки со кои се соочуваат сите граѓани.
- Времето бара да бидеме професионални и одговорни во спроведувањето на нашите обврски, а тоа се надевам дека со овој Меморандум ќе можеме да го оствариме и ромските деца ќе немаат бариери за упис во матичните книги, за упис во основните и средите училишта, за добивање работно место, а ќе се спречи и дискриминацијата на ромската жена, рече Елезовски.
Меморандумот се склучува за период од 20 месеци, односно за времетраење на проектот.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
