Наредната недела се очекува српската Влада да ја укине забраната за извоз на зејтин

Наредната недела се очекува одлука за укинување на забраната на извозот на нерефинирано и рафинирано масло за јадење од Србија, информираа денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, телефонски разговараше со потпретседателот на Владата на Република Србија, Бранислав Недимовиќ, од кого беше информиран дека се работи на одлуката за укинување на забраната за извоз на нерафинирано и рафинирано масло за јадење и истата се очекува да ја донесе следната недела, велат од МЗШВ.
Од најголемиот македонски производител на масло за јадење, фабриката „Билијант“ во Штип, која е дел од компанијата „Витаминка“, посочуваат дека произведуваат масло за јадење, како и пред кризата.
Коста Ташков од „Брилијант“ за МИА изјави дека постојано испорачуваат масло за јадење, но поради тоа што имаат најниска цена на пазарот, рафтовите забрзано се празнат, а се добива впечаток и дека граѓаните складираат поголеми количини на масло за јадење во своите домови.
Ташков забележува дека од македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство доаѓаат добри вести за укинувањето на забраната од страна на Србија, од каде што го набавуваат и суровото масло. Во овој период набавиле и 600 тони сурово масло од Бугарија, а пристигнала и една цистерна од Украина, за да го пробаат производството. Смета дека суровото масло од Украина е со висок квалитет.
Што се однесува за цената на маслото за јадење, засега не се знае дали ќе има нови покачувања и се ќе зависи од цената на светските берзи и кризата во Украина.
Ново на Сител
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти
-

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата
