Нарачките од дома ги кренаа акциите на Амазон до плафон
Имотот на најбогиот човек на светот, менаџерот на американската корпорација Амазон, Џеф Безос, во само еден ден се зголеми за 6,3 милијарди долари заради досега незабележено високата цена на нејзините акции, соопшти магазинот Форбс.
Форбс наведува дека вчера на „Вол Стрит“ цената акциите на најголемиот светски онлајн трговец се зголемија за дополонителни 5,3 отсто, по шестотстотниот раст ден претходно, на рекордните 2.238 долари за акција. Во текот на вчерашниот ден нејзината вредност беше и повисока,па еден момент се продаваше и за 2.290 долари.
Со ова богатството на Безос, кој има удел од 11,2 отсто во корпорацијата, во еден ден се зголеми за 6,3 милијарди долари и сега изнесува 138 милијарди долари, проценува Форбс.
Со растот на цената на акциите профитира и неговата поранешна сопруга Мекензи Безос, која по разводот од милијардерот стана една од најбогатите жени во светот, нејзиното салдо по растот на вредноста на акциите е „здебелено“ за 2,2, милијарди долари, и сега изнесува 44,8 милијарди.
Гигантот во е-трговијата бележи силен раст на побарувачката на неговите услуги поради ширењето на проблемот со коронавирусот, што предизвика затворање на класичните продавници.
Компанијата вчера соопшти дека планира да вработи дополнителни речиси 80 илјади лица за да го надмине бранот поттикнат од затворањето на класичните продавници.
Ново на Сител
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација
-
Министрите за интерпелациите: Уште еден обид на ДУИ за дестабилизација
-
Таравари: Нема лекарска грешка за смртта на седуммесечното бебе на детската клиника
-
Шуто Оризари „се дави“ во ѓубре, до Комунална хигиена велат редовно го собираме
-
Во Скопје и уште неколку поголеми градови во Македонија и денеска тешко се дише