Нарачала фармерки преку интернет, ги пробала, ја ставила раката во џеб и се згрозила од она што го допрела
Медицинската сестра Кристан Еванс нарачала преку интернет страницата „Nordstrom“ фармерки од брендот „Not Your Daughters Jeans“, а иако панталоните изгледале совршено, во џебот ја чекало изненадување.
Во џебот на фармерките кои ги платила 100 евра пронашла носена танга.
Се јавила во службата за корисници, но тие никогаш не и одговориле на повикот. На крајот одлучила на „Твитер“ да објави што се случило.
- Откако многу години бев верна на вашата компанија, шокирана сум од недостатокот на корисничка поддршка откако ги добив фармерките „Not Your Daughters Jeans“ со валкана носена танга во предниот џеб. Ја повикав корисничката служба и не добив одговор адекватан на стандардите на компанијата, напишала на Твитер, а пренесува „Индекс“.
Додава дека, како медицинска сестра, ја загрижува опасноста за здравјето која валканата долна облека ја носи со себе.
Како што обично и се случува, откако нејзината приказна излезе во јавност, „Nordstrom“ се извини и понудил замена, па објавиле дека истражуваат што всушност се случило.
Инаку, Кристин досега честно нарачувала преку оваа страница и немала вакви или слични проблеми.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје