Loading Video...
Фудбал
20. December 2017 - 17:13

Наполи против Аталанта во 1/4-финалето на Копа Италија

Екипата на Наполи обезбеди пласман во четвртфиналето на Копа Италија. 

Неаполитанците пред својата публика со голот на Лоренцо Инсиње во 71.минута,  минимално со 1-0 го победија Удинезе 

Противник на Наполи во четвртфиналето ќе биде Аталанта која со 2-1 го совлада Сасуоло.

Денеска се играат и последните две средби од осминафиналето меѓу Рома – Торино и Јувентус – Џенова по кои ќе биде познат и последниот четвртфинален пар. 

Од претходно познати се две двојки кои ќе играат во четвртфиналната фаза и тоа Лацио – Фиорентина и Милан – Интер.