Напаѓачот во Лондон е 19-годишник со нарушено ментално здравје

Напаѓачот во Лондон, кој синоќа со нож уби една жена, а повреди пет други лица, е 19 годишен тинејџер, соопшти лондонската Метрополитен полиција.
Комесарот на полицијата Бернард Хоган-Хау , во првата изјава за британската јавност, изјави дека „менталното здравје (на напаѓачот) е значаен фактор„ во овој инцидент, но потврди дека полицијата испитува и дали станува збор за терористички напад.
Напаѓачот, чиј идентитет засега не се открива, веднаш по апсењето е сместен во специјална болница, каде е чуван од полицијата.
Нападот се случи доцна синоќа, веднаш по 22,30 часот, на лондонскиот Расел Сквер, во центарот на бритаскиот главен град, во близината на познатиот Британски Музеј.
Млад маж, почнал да ги прободува со нож лугето кои се затекнале на плоштадот.
Една жена, на шеесетина година им подлегнала на тешките повреди, додедека другите петмина ранети-две жени и тројца мажи- имаат здобиено различен степен повреди, но не се јавува дека некој од нив се наоѓа во животна опасност.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан изјави дека се испитува мотивот за нападот.
„Ги повикувам сите лондончани да останат мирни, претпазливи и будни„- рече Кан, порачувајќи дека полицијата прави се што е во нејзина моќ за да обезбеди бебзедност за населението на главниот град и за бројните негови посетители.
Полицијата се сомнева во терористички напад , затоа што нападот на Расел Скверот е идентичен со таквите напади, на тинејџери, извршени во Израел и во Ерусалим во изминатите десет месеци, но и во Европа во последно време.
Сличен таков напад, со нож и со секира, беше извршен минатиот месец во еден воз во Германија.
Ново на Сител
-

По сообраќајка на Бит Пазар, физичка пресметка со остар предмет, а потоа истрели од оружје
-

Уапсени двајца фудбалери на Беса за претепувањето на голманот на ФК Аеродром | ВИДЕО
-

Ужас во Белград: Пијан 24-годишник помина на црвено и усмрти тричлено семејство мeѓу кои и 9-годишно детe | ВИДЕО
-

Четири лица повредени, меѓу кои и 8-годишно дете откако „бмв“ излетало од патот во близина на Липково
-

Приведен стружанец за напад на полицаец, фатен при рибокрадство на Црн Дрим
-

Моментот кога тројца Турци со нож избодеа лице во Црна Гора | ВИДЕО
-

ГОБ „8 Септември“ доби нова хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за потреби на спортисти
-

Следува период на суво и стабилно време со студени утра и магла во некои котлини
