Напаѓачот со секира поминал покрај Македонија: ИД презема одговорност за нападот во Германија
Исламската држава (ИСИС) ја презема одговорноста за нападот, во кој Авганистанец со секира ги нападна патниците во возот во Германија, во кој се повредени најмалку 20 лица, соопшти новинската агенција на Исламска Држава АМАК. Според наводите на агенцијата, организаторот на нападот во Германија е еден од борците на ИД, а операцијата ја извршил како одговор на повиците да се напаѓаат земјите кои се во коалиција против Исламската Држава – пренесува Ројтерс.
Седумнаесетгодишниот Авганистанец, кој синоќа ги нападна патниците во возот во Германија со секира и нож, пред нападот викнал „Алаху Акбар“ (Бог е голем), изјавил покраинскиот министер за внатрешни работи Јоахим Херман.
Херман изјавил дека истражителите кога ја претресувале собата на напаѓачот нашле знаме на исламската држава. Авганистанецот дошол пред 2 години во Германија како малолетник без придружба, а во март поднесол пријава за азил, изјавил Херман за телевизијата ЗДФ.
Живеел во дом за тинејџери мигранти до пред две недели кога е сместен во згрижувачко семејство. Две жртви од нападот, членови на едно семејство на кинески туристи, се наоѓаат во критична состојба.
Нападот бил извршен во понеделникот околу 21:15 часот во возот кој сообраќа помеѓу Тројхлинген и Вирцбург.
Од изјавата на министерот за внатрешни работи на Баварија Јоахим Херман, специјалната интервентна единица на германската полиција, која пукала во напаѓачот, се затекнала случајно на местото и можела веднаш да реагира. Како што изјави Херман, напаѓачот најверојатно дошол во Германија преку Балканската рута, што значи дека поминал преку Македонија.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“

