Напаѓачите, кои ја детонираа бомбата пред зградата на МВР во Анкара, во Турција влегле од Сирија
Двајцата напаѓачи, кои ја активираа бомбата пред зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара, во Турција влегле од Сирија, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.
Британските медиуми пренесуваат дека министерот Фидан појасни дека инфраструктурните и енергетските капацитети во Ирак и Сирија, што се под контрола на бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) и Единиците за заштита на народот (YPG), се легитимни воени цели за Турција.
-Препорачуваме трети страни да се држат подалеку од објектите под контрола на ПКК и ЈПГ. Одговорот на нашите вооружени сили ќе биде многу прецизен, рече Фидан.
Анкара ја смета ЈПГ за крило на ПКК.
Во неделата двајца напаѓачи извршија бомбашки напад пред зградата на МВР во Анкара, при што двајца полицајци беа полесно повредени. Едниот напаѓач се разнел, а вториот бил убиен од полицијата, соопштија локалните власти.
Одговорноста за нападот ја презеде милитантната група на Курдската работничка партија.
Ново на Сител
-
Песков: Поддржуваме прекин на огнот, но со внимание на нијансите
-
Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва
-
Го купил пиштолот за 1.100 евра, отишол да се смират но по 15 мин го убил, детали за убиството во Штип
-
Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Киев: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот
-
Петмина осомничени за убиството на странскиот државјанин донесени во штипскиот Основен суд
-
Продолжува националната еко акција „Генералка викенд“
-
Девојче прегазено од автомобил на „Партизанска“ кај Сити мол
-
Променливо облачно, попладне можен дожд