-->
-->
Нападот врз сопругот на Ненси Пелоси не е случаен, тврди полицијата во Сан Франциско
-->
– Нападот врз Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, во нивниот дом во Сан Франциско не бил случаен, соопшти полицијата.
-Тоа не беше случаен акт. Тоа беше намерен напад, изјави синоќа на прес конференција началникот на полицијата во Сан Франциско, Вилијам Скот, одбивајќи да ги коментира можните мотиви за нападот.
Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, беше „насилно нападнат“ по упадот во нивниот заеднички дом.
Според некои информации, напаѓачот во нивната куќа упаднал со чекан и притоа извикал „каде е Ненси“, сугерирајќи на тоа дека лидерката на Претставничкиот дом всушност била првата цел на нападот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“
-

Утврдување на предлог-одлуки за избор на нови состави на ДИК и КСЗД
-

Уставниот суд ја одржува првата седница во 2026 година – на дневен ред девет иницијативи за оценка на уставност и законитост
-

Собранието ќе ја одржи 81. седница
-

Трамп за спорот околу Гренланд: Ќе најдеме решение
-

Дводневно заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-

Облачно со повремен снег
-

Забрана за камиони на Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
