Нападот со нервен агенс може трајно да ги оштетил умствените способности на Сергеј и Јулија Скрипал
Нападот со невротоксична материја врз поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија може да нанел тешки повреди на нивните умствени способности и не е јасно дали тие ќе можат да се обноват, изјави британски судија.
Лондонски суд денеска дозволи да се земат примероци од крвта на поранешниот шпион и неговата ќерка, за да бидат испитани од страна на експерти за хемиско оружје и да се потврди заклучокот на британската лабораторија за воени истражувања Портон Даун.
Образложувајќи ја својата одлука, судијата Дејвид Вилијамс рече дека според неименуван советник, кој ги лекува таткото и ќерката, Сергеј и Јулија Скрипал се под силни седативи, некомуникативни се и невозможно е да се каже кога и до кој степен тие можат да ги обноват своите ментални способности.
Двајцата се во стабилна физичка состојба и се лекувани врз основа на претпоставката дека би сакале да останат живи, рекол консултантот според судијата од Лондонскиот суд за заштита, кој донесува одлуки за состојбата на луѓето кои не се во можност тоа да го прават сами.
Според неименуван аналитичар од Портон Даун, примероците крв земени од Сергеј и Јулија Скрипал покажале дека биле изложени на невротоксичен реагенс. Примероците покажале присуство на невротоксична материја од типот на „Новичок“ или многу близок до него реагенс, стои во судиската одлука.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска