Нападната старица во својот дом во Гевгелија
Старица од Гевгелија е нападната во својот дом на улицата „Ѓоко Тутушев“ од страна на маскирани лица кои сакале да ја ограбат.
Настанот се случил ноќеска во 1:30 часот кога разбојниците тропнале на вратата од домот на 74-годишната М.Г., а откако таа отворила ја совладале со спреј солзавец. Разбојниците, како што соопшти денеска полицијата, ја удирале со шлаканици по лицето и барале да им каже каде се наоѓаат парите и златните предмети. Откако старицата почнала да вика и да бара помош, крадците ја напуштиле куќата.
Поради проблеми со очите предизвикани од спрејот, старицата е пренесена во Општата болница во Гевгелија, каде и е укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица во Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Албанија: Потврдена пресудата за Фреди Белери, со тоа го губи градоначалничкиот мандат
-
Украина се надева дека ќе биде подготвена за влез во ЕУ до 2030 година
-
Курти со честитка до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери
-
Скопјанец осомничен за тешка кражба на дрзок начин
-
Жител на Пробиштип неовластено подигнал туѓи средства од банкомат
-
Кривична пријава против двајца жители на Кочани кои копале злато во делчевско
-
Отворена истрага за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово
-
Чибишев нов директор на Токсикологија, Меџити на Неврологија, утре нов директор ќе има и Онкологија