Нападната и ограбена жена во сопствената куќа

Нападната жена во сопствената куќа од разбојник кој и го украл лаптопот. Насилникот ја удрил жената, ја турнал и побегнал со пленот. Судија му одреди мерка притвор од 30 дена.
Основното јавно обвинителство Штип донело наредба за спроведување истражна постапка против лицето поради основано сомневање дека сторило кривично дело – Разбојничка кражба.
-На 6 февруари, осомничениот влегол во куќа на улицата „Гоце Делчев“, извршил пребарување и одзел лаптоп компјутер вреден 50.000 денари. При вршењето на кражбата, го затекнала сопственичката на куќата. Осомничениот во тој момент физички ја нападнал, удирајќи ја по телото и раката, ја турнал на земја и побегнал со украдениот предмет, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип поднел предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека постои опасност тој да се даде во бегство, а судијата го прифати предлогот.
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
