-->
-->
Нападите на Иран врз соседните земји се „огромна стратешка грешка“ - смета генералниот секретар на Арапска лига.
-->

Генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит, ги оцени нападите на Иран врз неколку арапски земји како „неодговорни“, повикувајќи го Техеран да ја преиспита својата „огромна стратешка грешка“.
Иранските напади се израз на „неодговорни политики и не можат да се оправдаат со никаков изговор или извинување“, рече Абул Геит во Каиро на вонредна видеоконференција на Арапската лига, на која присуствуваа министрите за надворешни работи на државите членки.
Во својата порака, упатена на деветтиот ден од војната на Блискиот Исток, тој изрази жалење што земјите од Персискиот Залив добиваат „ракети и беспилотни летала“ во замена за нивните напори за мир на Блискиот Исток.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
