-->
-->
Напад со руски дронови врз Ровно, загрозен е енергетскиот систем
-->
Во текот на ноќта руската армија изврши напад со дрон врз енергетски објект во реонот на украинскиот град Ровно, соопшти украинскиот електродистрибутер „Укренерго“.
Во некои области, приватните и индустриските потрошувачи се исклучени, се вели во соопштението објавено на Телеграм, пренесуваат украинските медиуми.
Во моментов се обновува снабдувањето со електрична енергија, а рехабилитациските работи се во тек.
Во текот на ноќта во голем број региони на Украина беше прогласена тревога од воздух поради закана од напад на руски беспилотни летала од типот „Шахид“, пренесуваат украинските медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лига на шампиони: Висок пораз на Еурофарм Пелистер од Висла Плоцк
-
Состојба на патишта
-
Променливо облачно со сончеви периоди
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец