-->
-->
Напад на Исламска држава во главниот град на Уганда, едно лице загина
-->
Едно лице загина, а три се повредени во бомбашки напад во бар во главниот град на Уганда, за кој одговорноста ја презеде милитантната група Исламска држава.
Бомбата експлодирала во саботата вечерта во бар на периферијата на Кампала, при што загинала 20-годишна келнерка, а три лица се повредени, од кои две се во критична состојба, соопшти полицијата.
– Напаѓачите се маскирале како гости, нарачале храна и пијалоци, а потоа поставиле експлозивна направа во пластична кеса под масата, која експлодирала неколку минути откако заминале, изјави полицискиот портпарол Фред Енанг.
Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, објавувајќи во неделното соопштение на каналот Телеграм дека нејзините членови активирале експлозивна направа во бар каде што се собирале „членови и шпиони на угандската крстоносна влада“.
Претседателот на Уганда, Ловери Мусевени на Твитер објави дека станува збор за терористички чин, ветувајќи дека сторителите ќе бидат фатени.
Бомбата била поставена една недела откако британската Влада ги предупреди британските граѓани дека „терористите најверојатно ќе се обидат да извршат напади“ во Уганда, советувајќи ги да бидат внимателни на јавни места, вклучително и ресторани и барови, јави Би-Би-Си.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Невреме проследено со силен ветер и крупен град во Дојран
-
Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“
-
При претрес кај 21-годишник пронајдена марихуана, кокаин и пиштол | ФОТО
-
Јаневска: Развиваме нова образовна квалификација - специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Авионот на Вучиќ е приземјен во Баку, летот прогласен за небезбеден