Наместо Радев во Брисел ќе оди Петков за да го каже своето прво „не“ за Македонија
Доколку Парламентот денеска ја одобри новата бугарска влада, Кирил Петков ќе го замени бугарскиот претседател Румен Радев како претставник на Бугарија на овогодишниот последен Европски совет в четврток во Брисел, наведува „24 Часа“.
– По правило на Европските совети учествува премиерот на Бугарија, а по исклучок на нив присуствува претседателот кога во земјата има техничка влада. Досега се планираше Румен Радев да ја претставува Бугарија на последниот Совет за оваа година. Во Бугарија дури се шпекулираше дека инаугурацијата на новата влада ќе биде одложена за да може шефот на државата да го одбрани бугарското вето во Брисел за почетокот на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ, наведува изданието.
Но, според „24 часа“, лидерот на „Промената продолжува“ и кандидат за нов бугарски премиер Кирил Петков сака тој да оди на заседанието на Советот и да преговара со другите европски лидери.
– Тој би дебитирал во Европскиот совет со новиот германски канцелар Олаф Шолц, кој минатата недела беше избран од Бундестагот. Ставот на Бугарија за Македонија останува непроменет, објави во саботата Петков на претставувањето на предлогот за неговата влада. Сепак, таа позиција треба да се надгради за да биде од корист за двете земји, додаде кандидатот за нов премиер, потсетува изданието.
„24 часа“ наведува дека во Брисел Петков ќе мора да ја брани бугарската рамковна позиција за Македонија одобрена од техничката влада, потсетувајќи дека минатата недела таа зазеде став дека Бугарија одобрува почеток на пристапните преговори на Албанија со ЕУ, но не и за Македонија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација