-->
-->
Наместо капки за очи во окото си ставила секундаен лепак
-->

Американката Кетрин Гејдос по грешка шишенцето со капки за очи го заменила со секундарно лепило, по што завршила во итната помош.
Како што пренесува WPBF, несреќната жена работела во својата градина кога во околто и влегла прашина која сакала да ја измие со капките за очи кои се наоѓале во нејзината ташна, но по грешка наместо капките го земала лепилото.
- Кога осетив пецкање, го затворив окото и почнав да викам, по што ја повикав итната помош, рекла Гејдос.
Лепилото по тоа се исушило, залепувајќи и ги капаците. Во итната служба и дале антибиотици и крема за хемиски изгореници, а планирана е и помала операција. Според зборовите на лекарите, третманот за отстранување на лепилото ќе трае неколку денови, со оглед на чуствителноста на рожницата која многу лесно може да се оштети со било каков насилен третман.
Се претпоставува дека Кетрин Гејдос нема да има трајно оштетување на видот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
