Наместо да заштеди Арачиново потрошило 474 отсто повеќе струја споредено со лани истиот период

Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција говореше за заштедата на електрична енергија во општините во Македонија.
Како што истакна тој, податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои имаа препорака да штедат, покажуваат дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 отсто, но има и општини кои потрошиле повеќе.
„Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15 отсто, од кои само три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022, споредено со октомври 2021 година, а останатите 13 општини имаат намалена потрошувачка, но не постигнале заштеда од 15 отсто“, посочи Бектеши.
Една од нив е Арачиново каде што биле потрошени 474 отсто повеќе струја од лани, додека во Лозово се потрошило 12 отсто повеќе, а во Студеничани 11 отсто повеќе.
Ново на Сител
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
-

Во третиот квартал годинава 10.033 слободни работни места
-

Возач на Бит Пазар нападнал 14-годишно момче, па ја одвел неговата 16-годишна сестра во непознат правец
