Наместо 100, работници добија бонус од 30.000 евра!
Челичарница во Белгија по грешка им исплатила на дел од работниците огромен бонус, а сега ги бара парите назад. На група вработени во таа фабрика викендот им почнал одлично кога на своите сметки им легнал бонус од 30.000 евра.
Но, како што повеќето од нив се посомневале, станувало збор за грешка. Бонусот што требало да го добијат изнесувал само 100 евра, објавија белгиските медиуми. Сепак, оние кои решиле да ја занемарат сомничавоста почнале да ги трошат парите – враќале долгови, а некои отишле да се коцкаат.
Меѓутоа, сега компанијата од Шарлероа си ги бара парите назад.
Не е познато точно колку работници од вкупно 230-те вработени во челичарницата го добиле непредвидениот бонус. Просечната плата во компанијата изнесува околу 1.600 евра месечно.
– Бев шокиран кога видов колку пари имам на сметката, изјавил работник кој инсистирал да остане анонимен.
– Веднаш ми беше јасно дека се работи за грешка и не ги допрев тие пари. Подигнав само онолку колку што знам дека ми е платата, рекол тој и додал дека некои од неговите колеги отишле во казино со парите, а други пак отплатиле долгови.
ИЗВОР: vrabotuvanje.mk
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп