Намалено производството во металургијата
И покрај позитивниот глобален тренд во металургијата посебно од почетокот на 2017 година, кај нас состојбите во физичкиот обем на производство се неповолни, оцени денеска Стопанската комора на Македонија.
Во периодот јануари-март 2018 производството на метали е намалено за 18,4 проценти во однос на истиот период лани.
- Податокот е уште поалармантен ако се има предвид дека минатата година намалувањето на производството беше над 15 отсто, истакна Зорица Мешкова од Комората.
Според неа, основната причина за ваквите податоци е нефункционирањето на двата најголеми металуршки капацитети, Фени и Југохром.
Состојбата се рефлектира и врз извозот кој кај металите е на истото ниво како лани и во првите три месеци од годинава изнесува 187 милиони американски долари.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска