Намалена вулканската активност на Исланд
Вулканската активност на Исланд е намалена, соопшти денеска тамошната метеоролошка служба, но и предупреди дека наскоро може да се очекуваат нови ерупции.
Ерупцијата на полуостровот Рејкјанес се случи по неколкунеделни интензивни земјотреси.
Околу 4.000 луѓе беа евакуирани минатиот месец од Гриндавик, рибарскиот град кој беше најзагрозен, јави Би-Би-Си.
Нема информации за повредени, но се стравува дека може да бидат оштетени многу куќи.
Исландската метеоролошка служба соопшти дека од три отвори излегуваат лава и вулкански гасови, а претходно имало пет активни.
Сепак, постои голема веројатност дека во иднина ќе се отворат повеќе дупки во должина на оригиналниот расцеп.
Чад може да се почувствува и на места оддалечени околу 30 километри од местото на ерупцијата.
Ново на Сител
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР