Намалена видливост поради појава на магла на повеќе патни правци низ Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост од 50 до 100 м. поради појава на магла има на патните правци Гостивар, Тетово, Скопје, Велес, Неготино, Демир Капија, Делчево и Струмица, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, потсетува АМСМ и додава дека оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Синтек инженеринг ДООЕЛ известува дека реконструкцијата на тунелски цевки на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица , фаза 1 е завршена и сообраќајот се пушта во траен режим на сообраќај од 10.12.2024 година.
Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.
Ново на Сител
-
Азир Алиу: Државата во целост ќе го финансира понатамошното лекување на повредените во „Пулс“
-
Три села во Општина Кривогаштани оставени 2 месеци без вода на пеколни горештини, никој не им помага
-
Завршува младинската олимпијада во Скопје
-
Крушево домаќин на Светскиот куп во дисциплината прелети, присутни се најдобрите пилоти од цел свет
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски